fbpx

Македонскиот идентитет е заштитен, сторивме се, на ред е ЕУ да испорача

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Прашање: Утре е денот кога ќе го добиеме финалното Да или Не од Европскиот совет, дали течат се уште преовоите со Бугарија или тоа е завршено?

Одговор: Јас сум лично секогаш бил оптимист , знаат граѓаните , знаете и вие новинарите дека Република Северна Македонија направи се што требаше во однос на интеграцијата во ЕУ. Она што е важно е меѓународната подршка којашто е евидентна, деновиве ја добиваме буквално од цела Европа, се надевам на позитивен исход искрено но останува да видиме утре, 22 јуни конечната одлука да ја слушнеме.

Кога станува збор за процес на интеграција и разговори за одреден билатерален проблем и кога разговорите траат за разлика од ВМРО-ДПМНЕ којшто буквално се се обидуваат да изнесат на јавна сцена, сметам дека во ниту една демократска развиена држава таквите процеси којшто се од особена важност во исклучително важни моменти треба да бидеме трпеливи и да ги оставиме. Она што е важно и она што граѓаните го знаат и она што грѓаните веруваат е дека на секој можен начин се заштитени македонскиот идентитет, македонскиот јазик но силно веруваме во европската иднина на Република Северна Македонија.

 

Последни вести