fbpx

Димитриевски на трибината „Најдоброто од нашата општина“: Бевме заедно во тешките моменти, заедно остануваме додека го градиме Куманово како еден модерен европски град

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Поминаа тие тешки моменти кога Куманово беше ставено на маргините на државата, денеска Куманово има големи можности и ги користи тие можности општината се развива и гради, истакна кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Куманово.

Тој нагласи дека Куманово е единствена општина, која беше блокирана, намерно вештачки од претходната власт а сега е раздолжена.

Денеска на сметка има 167 милиони денари граѓански парти, и со нив ќе продолжиме да го градиме наше заедничко Куманово, подвлече Димитриевски, додавајќи дека само оваа година се изградни 8 км патна инфраструктура, извршена е реконструкција на сите спортски капацитети во училиштата, за 3 години се изградени 3 училишни спортски сали, проширена е гасоводна мрежа

Димитриевски истакна дека Соколаната и спортската сала и стрелиштето, стадионот, се вратени назад на општината и се реконструираат и ќе продолжиме посветено понатаму.

Ние од СДСМ сме најупорните, бевме заедно во тешките моменти, заедно остануваме до крај, додека Куманово го градиме како еден модерен европски град, а различностите ќе не направат уште посилни, порача градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“.

Последни вести