Соопштение за јавност
Со првите внатрепартиски избори, со маалските и урбани средби, со постојани средби со целни групи на граѓани СДСМ поставува пример на ново, модерно, европско функционирање на партијата, СДСМ постојано е со граѓаните и затоа сме фаворити на претстојните избори, порача вечерва пратеникот и претседателот на ОО СДСМ Куманово, Мартин Костовски на вечрашната трибина „Најдоброто за нашата општина“.
– Владата предводена од СДСМ покажа вистинска грижа за сите општини и преку поддршката од 50 милиони евра за враќање на дел од долговите, но и преку финансирање на капитални проекти кои со децении беа само сон. Реконструкција на патот Куманово – Свети Николе, патот Куманово – Страцин, нов Ургентен центар, реконструкција на Искрин мост на река Пчиња, се само дел од проектите што ги финансираше Владата на СДСМ, за разлика од владата на ВМРО-ДПМНЕ која цела деценија ниту еден проект не реализира во нашето Куманово“, посочи Костовски.
Костовски порача дека со сето она што е сторено за Куманово во овие четири години, СДСМ останува најголем фаворит за нова убедлива победа на локалните избори на есен.
– Без разлика кој ќе биде кандидат за градоначалник, СДСМ повторно убедливо победува на претстојните локални избори, без разлика на кандидатот, СДСМ дава збор дека се што ќе се најде во програмата која заедно ја пишуваме, тоа ќе биде реализирано со сигурност, затоа што покажавме дека за нас зборот е збор, заклучи Костовски.