fbpx

Михаилоски на летниот камп „Трајче Нешкоски“: СДММ работи за доброто на секој млад човек, тоа го покажуваме на дело преку конкретни мерки и политики

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Летниот камп е уникатна политичка алатка својствена единствено на СДММ, низ која минале над илјада млади лица, многумина од нив денес носители на високи државни функции, многумина докажани професионалци во областите во кои работат и дејствуваат, порача претседателот на СДММ Марко Михаилоски на отворањето на 14-иот Летен Камп на СДММ кој од оваа година го носи името „Трајче Нешкоски“.

„Да се биде дел од СДММ значи да се биде дел од едно големо прогресивно модерно семејство кое работи посветено на остварување на зацртаните цели. Затоа секој од нас треба да биде горд што денеска е овде, затоа што ние сме промената, промената на подобро, подобро за секој млад човек во државата. И тоа не е само празна флоскула, не се само декларативни заложби, тоа се реални чекори на СДММ кои се реализираат се претвораат во државни мерки и политики што носат придобивки за сите млади“ истакна Михаилоски.

Тој посочи дека како и изминатите изборни циклуси, така и на претстојните локални избори, СДММ преку својот ангажман ќе даде силен придонес во новата победа на СДСМ и коалицијата.

„Сите наши капацитети ќе ги ставиме во функција на поддршка на партијата во походот по нова победа, но и ќе инсистираме на исполнување на статутарната обврска за 33 отсто застапеност на листите на советници, ќе инсиистираме на што повеќе млади кандидати и кандидатки за градоначалници“ заклучи Михаилоски.

Последни вести