fbpx

Лукаревска на Летниот камп на СДММ „Трајче Нешкоски“: Младите се важен дел од СДСМ, продолжете да се борите за вас и вашите врсници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, денеска се обрати на отворањето на 14-тиот летен камп на СДММ кој од оваа година го носи името „Траче Нешкоски“ по прерано починатиот член на СДММ и СДСМ.

Во своето обраќање, Лукаревска му честиташе на новото раководство на СДММ и честиташе на младината за ангажманот, за посветеноста што ја покажаа во процесот на промени на СДСМ.

„Ви честитам за се она што го постигнавте во овие неколку месеци, но истовремено ве повикувам да се вклучувате во работата на партијата, да давате идеи и креативни предлози кои ќе бидат од интерес на младите. Сега, во партијата го имате своето место на главната маса каде се одлучува и се креираат политики. Тоа го постигнавте со макотрпна работа и треба да продолжите да се борите и натаму, и за вас и за вашите врсници“ порача Лукаревска.

Заменик претседателката Лукаревска истакна дека и младите, преку СДММ но и жените преку Форумот на жени, сега во СДСМ се важни сегменти, носители на промените и победите и дека нов следен предизвик се локалните избори на есен.

„Локалните избори се уште една шанса да го потврдиме принципот 50:50 родова застапеност и една третина застапеност на млади на советничките листи, но и шанса повторно да покажеме дека сме различни од другите и дека токму поради тоа и победуваме“ посочи Лукаревска.

Во однос на локалните избори и кадровската понуда, Лукаревска потенцираше дека СДСМ на овие избори ќе ја има најдобрата понуда за секоја општина, а таа лично како заменик-претседателка ќе се бори и заложи за што повеќе жени кандидатки за градоначалници, за што повеќе млади на листите за советници во општините.

Последни вести