fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не повикаа на вакцинација и почитување на мерките за заштита, но затоа секојдневно шират лажни вести на штета на јавното здравје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не повикаа на вакцинација и почитување на мерките за заштита, но затоа секојдневно шират лажни вести на штета на јавното здравје

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажни вести, конструкции и невистини да се обидува да шири вознемиреност во јавноста, да прави штета на јавното здравје заради ситни политички поени.

Лажни вести и срамни невистини се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за наводен недостиг на вакцини, досега се аплицирани над 610.000 дози на вакцини, а дневно се вакцинираат по десетици илјади граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ниту еднаш на апелираа до граѓаните да се вакцинираат, ниту еднаш не повикаа да се почитуваат мерки за заштита од коронавирусот, ама затоа знаат секојдневно да шират лажни вести за да го минираат процесот на масовна имунизација, на штета на јавното здравје.

Толку од наводната загриженост на ВМРО-ДПМНЕ, партија која ќе остане запаметена дека во време на пандемија, беше на страната на вирусот, наместо на страната на здравствениот систем и граѓаните.

Последни вести