fbpx

Одредбите во македонскиот Устав не може да се почитуваат селективно, Мицкоски продолжува со неодговорно однесување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја предлагаат Резолуцијата за да се усвои или за да заглави во формални процедури заради нивниот лажен патриотизам?

Колку и да не им се допаѓа на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, одредбите на македонскиот Устав не може да се почитуваат селективно.

Македонските државни позиции се силни и јасни, но ќе бидат уште посилни ако ВМРО-ДПМНЕ го прифати Договорот од Преспа како реалноста, реалност која овозможи Северна Македонија да стане полноправна членка на НАТО Алијансата со меѓународно потврдени македонски јазик и македонски идентитет.

Мицкоски очигледно одбра да продолжи со неодговорното и несериозно однесување.

Последни вести