Прес-конференција на СДСМ, Размена Дуровиќ Чекиќ, претседателка на Комисија за економија на СДСМ
Почитувани,
Економските политики и мерки, што ги реализира Владата предводена од СДСМ обезбедуваат стабилност и развој на домашната економија и за време на светска криза.
Преземените мерки доведоа до тоа, во време на пандемија, да имаме раст на минималната и на просечната плата и да имаме пад на невработеноста.
Минималната плата е зголемена за 6.000 денари, од 9.000 на 15.200 денари.
Просечната плата денес е на највисоко ниво, над 28.000 денари. Во април годинава е регистриран раст на просечната плата за 10 отсто во споредба со истиот месец лани.
Истовремено, стапката на невработеност е на рекордно ниско ниво од 16 отсто, а предвидувањата се дека таа до крајот на годината ќе падне на 15 отсто.
Извозот во периодот јануари-мај оваа година е зголемен за над 50 отсто, зголемен е и увозот.
Индустриско производство се искачи на ниво од 2019 година и има тренд на растеж.
Показателите ја потврдуваат успешноста на економските мерки на СДСМ.
Како одговорна партија, континуирано сме посветени на мерки и политики кои обезбедуваат економски развој и го унапредуваат животниот стандард и квалитетот на живот на граѓаните.