fbpx

Николовски од Боговиње: Честит Курбан Бајрам, во заеднички дух, меѓусебна почит и разбирање да градиме едно општество за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски заедно со потпретседателот Оливер Спасовски вечерва го посетија Боговиње и ги поздравија граѓаните од исламска вероисповед кои го празнуваат Курбан Бајрам.

Курбан Бајрам е празник кој возвишува благородни дела и шири универзални вредности – добрина, милосрдие, хуманост, солидарност, меѓусебно помагање и почитување, кои го прават светот подобро место за живеење, рече Николовски

На овие универзални, цивилизациски вредности почива нашиот концепт „Едно општество за сите“, додаде Спасовски.

Николовски потенцираше дека СДСМ беше првата политичка партија која ја имаше храброста и визијата да го постави овој концепт кој се темели на рамноправност на сите граѓани, толеранција, мултикултурализам, социјална правда, еднакви можности на жените и мажите, вклученост и учество на граѓаните во одлучувањето.

Ние сме мултиетничка земја отсекогаш и никој не смее да не дели. Може да одиме напред, кон прогрес и благосостојба само како еднакви, рамноправни граѓани, со отворен дијалог и размена на мислења меѓу поединци, со различно етничко, културно, верско и јазично потекло, врз основа на заемно разбирање и почитување, заклучи Спасовски.

Последни вести