fbpx

СДСМ е носител на одговорна власт, изборите на 15 јули се за спас на државата и казна за неодговорноста на Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ својата одговорност ја потврдува во контiнуитет и како носител на одговорна власт презеде чекор со којшто ќе им олесни граѓаните и конечно ќе заврши играта на нерви од којашто најмногу страда народот. 

Мораме да ја спасиме државата и народот од каков било ризик и од дополнително влошување на ситуацијата.  

На државата и на граѓаните им се потребни активно Собрание и целосно фунцкионална политичка влада. 

Поголема криза од оваа, државата нема да може да издржи со техничка влада и без Собрание. 

СДСМ го заклучи 15 јули како конечен, последен и единствен датум за избори на коишто гарантирано ќе учествува опозицијата. 

Изборите се за спас на државата и со оваа одлука му се овозможува на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на дело да ја покажат својата одговорност.  

Во ваква ситуација, со избори на 15 јули, изборниот ден е во среда и е неработен ден за сите граѓани.

13-ти и 14-ти јули односно понеделник и вторник ќе бидат деновите кога ќе гласаат болни и изнемоштени лица, вклучително и граѓаните кои се позитивни на коронавирусот, дома или во болници, како и граѓаните кои  се во самоизолација и хронично болните граѓани. Молкот ќе настапи на крајот на денот 12-ти јули, недела. 

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се повикани да одговорат и да влезат во демократскиот процес заедно со сите други политички чинители во земјава.

15 јули е денот кога граѓаните ќе потврдат дека продолжуваме на правиот пат, патот кон развој и напредок, кон економски раст и интеграција.

Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ на истиот ден, ќе се соочат со казната од граѓаните, за нивното неодговорно, незрело, но пред се деструктивно однесување во време на криза, кога со прекршување на забраните,  ширење на лажни вести, се обидуваа да го саботираат здравствениот и економскиот и политичкиот систем.

Последни вести