Соопштение за јавност
Ние имаме обврска да им служиме на граѓаните што не избраа, секој ден подобро и затоа во сите сектори направивме драстични промени, порача потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на граѓанската трибина на „Најдоброто за нашата општина“ во Битола.
Таа нагласи дека за време на претходната власт работниците беа оставени на маргините, ВМРО-ДПМНЕ ги продаваше на инвеститорите како евтина работна сила, и не се усрами, ниту се извини за тоа, а ние за 6 месеци покажавме дека може поинаку, ја зголемивме минималната плата, докажавме дека таа може да биде повисока и да расте, така ние се грижиме за граѓаните.
Потпретседателката Царовска најави дека новиот концепт во образование ќе почне да се применува од септември во 1 и 4 одделение.
Тој ќе ги покаже резултатите и сите ќе застанат зад него, и оние што денес го напаѓаат, затоа што нашите деца ќе бидат задоволни, програмите ќе бидат усогласени со новото време, децата ќе научат да учат, да поврзуваат, да се справуваат со проблеми, се што денеска не учат, истакна Царовска, додавајќи дека во образованието поставуваме амбициозни цели, мораме да брзаме бидејќи ВМРО-ДПМНЕ 12 години не инвестираше во образованието, а со тоа не инвестираше во иднината.
Нашите деца не се помалку интелигентни од децата во развиените земји, но ние им го крадеме потенцијалот, неодговорно и себично како возрасни одговорни кон нив, 30 години се задоволуваат туѓи интереси, а не на децата, а тие се иднината, затоа ние како СДСМ посветено колку да тие се непопуларни политики во моментот, ќе продолжиме да ги работиме, зашто знаеме дека многу скоро ќе станат популарни, многу скоро ќе станат продуктивни, здрави политики што ќе дадат ефект за подобри услови за живот во државата, порача Царовска.
Таа се осврна и на политиките за младите нагласувајќи дека социјалните стипендии ги зголемивме двојно, субвенциониран оброк за 2400 денари добиваат сите студенти.
Некој свесно сакал да го уништи високото образование, затоа ги вративме стипендиите за втор и трет циклус, да се образуваат асистенти, па професори и да останат во нашата државата, нагласи Царовска.
Го правиме она што граѓаните го бараат од нас, посветено и одговорно, не е лесно, но заедно можеме да успееме, и ако споредите ние за 4 години направивме двојно, отколку ВМРО-ДПМНЕ за 12 години, порача потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на граѓанската трибина на „Најдоброто за нашата општина“ во Битола.