Соопштение за јавност
СДСМ го има најдоброто за младите, најдоброто за студентите, но и најдоброто за секоја општина, порача претседателот на СДММ Марко Михаилоски на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Битола.
Тој истакна дека нa претстојните избори младите ќе бидат носител на новата победа, а она што ќе биде поразлично од понудата на останатите политички партии е гарантираната застапеност од една третина млади на листите за советници.
СДММ исто како и СДСМ е постојано на терен меѓу младите, сега караванот млади локално посетува локални клубови низ целата држава со цел заедно со младите да создаваме квалитетни младински политики на централно и локално ниво, рече Михаиловски.
Тој нагласи дека СДММ и СДСМ во континуитет покажува што значи вистинска грижа за младите и преку законот за млади и преку гаранцијата за млади, но и преку последното законско решение по предлог токму на СДММ со кое 40.000 редовни студенти секој месец од 1 октомври ќе добиваат по 2.400 денари за субвенциониран студентски оброк, со што 15 милиони евра ќе завршат директно кај студентите.
Кога зборуваме за решенија и предлози од младите, тука е реализираното од програмата за парламентарните избори, а тоа е зголемување на стипендиите за учениците и студентите и тоа не за 100-200 денари, туку за 100%, како и враќање на стипендиите за втор и трет циклус, подвлече претседателот на СДММ Марко Михаилоски на трибината „Најдоброто за нашата општина“.