Соопштение на СДММ
Денеска караванот ,,Млади локално заедно” беше со младите од ЛК СДММ Куманово од каде произлегоа доста предлози и идеи од младите луѓе во овој град а се направи и осврт на она што досега е сработено и се дадоа најави за плановите за периодот што следи.
Денеска сме овде во вашиот град со цел да ги слушнеме вашите забелешки, идеи, предлози и да креираме заеднички решенија за проблемите со кои вие се соочувате. Куманово најдобро го познавате вие како граѓани на овој град и затоа од круцијална важност е она што вие мислите: во кој правец би требало да функционираат работите? Млади сме и надежни, но исто толку сме и смели и решени да го направиме подвигот за промена, зашто знаеме што е најдоброто за нашите општини и државата како целина. Ако досега успеавме да се избориме за изгласување на Закон за млади, за воведување мерки за субвенциониран студентски оброк, за покачување на студентските стипендии, повеќе од јасно е дека ќе успееме и во се’ она што допрва ќе го осмислиме и ќе го ставиме на хартија како проект на СДММ кој треба да се реализира, им се обрати на младите претседателот на СДММ Марко Михаилоски.
СДММ неуморно се вложува во процесите за подобрување на генералното функционирање на системите во земјава и со своите иницијативи само ја потврдува намерата за зголемување на животниот стандард и шансите за просперитет на младиот човек во Северна Македонија.