fbpx

Ѓавочанова: Ребалансот крати непродуктивни трошоци, обезбедува средства за подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеничката на СДСМ Драгица Ѓавочанова во рамките на собраниската расправа посветена на реабалност на буџетот се осврна на средствата планирани за министерството за образование и наука и истакна дека се предвидува кратење на средства за непродуктивни трошоци или онаму каде се увидело дека динамиката е послаба, но и зголемување на средствата, пред се за подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард, како и за платите на наставниот кадар.

Фер и коректно е да се каже дека ставката субвенции и транфери се зголемува, а зголемувањето се должи на дополнителните 133 милони денари потребни за подобрување на студентскиот стандард, истакна Ѓавочанова, додавајќи дека со оваа мерка државата се обврзува да субвенционира оброк за студентите, на кои директно на трансакциските сметки ќе им легнат 15 милиони евра, а правото ќе можат да го остварат кај било кој трговец.

Вториот дел на зголемувањето на оваа ставка се должи на воведувањето на 2200 стипенции од септември, пред се во средно стручно образвование и тоа за дефицитарни кадри, за тригодишно образование и за дуално средно образование, со што се зголемува атрактивноста за запишување во овие паралелеки, наведе Ѓавочанова.

Таа исто така истакна дека од почетокот на учебната година се зголемуваат ученичките стипендии, кои изнесуваа од 2200 до 2700 денари, а сега сите се израмнуваат на 3500 денари, и опфаќаат околу 3.100 наши ученици.

После една деценија трудот на наставниците ќе биде вреднуван соодветно, истакна Ѓавочанова, додавајќи дека со завршувањето на првиот повик избрани се околу 140 наставници ментори, чија плата се зголемува за околу 3.000 денари.

Таа наведе дека со ребаланост се предвидува зголемена ставка за плати и надоместоци кај сите универзитети бидејќи за прв пат беше потпишан колективен договор, со кој платите во високото образование се зголемуваат за 10%.

Ние вложуваме во нашите деца од најрана возраст, за само 10 месеци се отворени 13 градинки за 850 деца, а во тек се градежни активности на уште 12 градиники, за кои се потребни средства истакна Ѓавочанова.

Ѓавочанова појасни дека од една страна има намалување на инвестиции во изградба на основни училишта, но има зголемување на програмата за нивна реконструкција, или намалување на изградба на училишни сали, но зголемување на нивната реконструкција, а зголемувањето на расходите за мебел се должи на опремувањето на училиштата, особено со кабинетите за природни науки, кои беа ветени за секое училиште.

Пратеничката на СДСМ Драгица Ѓавочанова ја повика опозицијата да гласа за ребаланост, бидејќи нивниот најнов слоган е Македонија за сите граѓани, од најмало до највозрасно и овој ребаланс нема да биде на штета на ниту еден од нив.