Соопштение за јавност
Вечерва на седница на Извршниот одбор на партијата, беа дефинирани уште неколку кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ.
По спроведените испитувања на јавното мислење, по истражувањата и анализите во органите на партијата и секако по консултација со членовите, вечерва дефинирани се дополнителни пет кандидати за градоначалници.
1. Ѕвонко Пекевски – Берово
2. Борис Георгиевски – Гази Баба
3. Јасмина Гулевска – Могила
4. Тони Делков – Неготино
5. Даниел Крстевски – Ранковце
Ова се кандидатите кои Извршниот одбор, раководството на партијата, ги дефинираше заедно со граѓаните и членовите на партијата од овие општини.
Токму граѓаните знаат која личност е најдобрата опција за нив и затоа токму заедно со граѓаните ја создаваме најдобрата кадровска понуда за секоја општина.
Анализите, истражувањата на јавното мислење и консултациите продолжуваат и во овој период. Како што најавивме и претходно, фазно, до крајот на август, ќе ги објавиме кандидатите за сите општини во кои СДСМ ќе настапи со свои кандидати.
СДСМ е и останува прв во промените, прв во храбрите одлуки и чекори и така ќе биде и на овие локални избори.
СДСМ го носи најдоброто за секој општина, најдоброто за нашата држава и тоа е препознаено и од граѓаните.
Затоа расте довербата на граѓаните, затоа СДСМ има убедливо водство на сите релевантни анкети.
Граѓаните знаат дека само со СДСМ е можен развојот на општините, дека само со СДСМ е можен напредокот на државата и затоа на изборите во октомври граѓаните повторно масовно ќе ја дадат довербата на концептите на СДСМ.