fbpx

Студентите да се пријават за мерката субвенциониран оброк, обезбедуваме 2.400 денари месечно за секој студент за здрав студентски оброк

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Измената која ја иницираше и потекна токму Социјалдемократската младина, субвенциониран студентски оброк за 40.000 активни студенти е во завршна фаза на реализација.

Министерството за образование и наука веќе објави и јавен повик.

Аплицирањето за остварување на правото на сите редовни студенти е започнато од први август. Ги повикуваме студентите да се пријават и да аплицираат.

Со оваа мерка, 40.000 активни студенти, секој месец на својата сметка ќе добиваат по 2.400 денари за субвенционирани оброци.

Директно на трансакциските сметки на студентите ќе завршуваат 15 милиони евра.

СДСМ продолжува посветено да работи во насока на интересите на студентите, на младите, подобрување на условите за живот и нивниот економски стандард.

Последни вести