Соопштение за јавност
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ преку надлежната собраниска Комисија повеќе од 3 месеци блокираат законски измени со кои наставниците и стручните работници добиваат можности за постојано покачување на платите и подобар статус.
Што и згрешиле на деструктивната ВМРО-ДПМНЕ наставниците и стручните работници па го блокира законот за поголеми плати?
Наставниците и стручните работници не се виновни што Христијан Мицкоски нема идеја, нема став, нема програма, што нема понуда за граѓаните.
Вакво непочитување и газење на достоинството на наставниците и стручните работници е одлика на ВМРО-ДПМНЕ, тоа го правеше и кога беше режимска власт.