Соопштение за јавност
Организациониот секретар на СДСМ, Мартин Попов, денеска е на терен во опожарените подрачја низ Малешевијата.
После неколкудневна борба и надчовечки напори, огромните пожари кои го зафатија овој дел од Малшевијата, како и пожарите во околината на Делчево се под целосна контрола, изгасени и локализирани.
Попов упати ограмна благодарност за пожртвувноста и посветеноста на пожарникарите, војниците, полицајците, граѓаните, домашните и странски волонтери. Солидарноста и подадената рака од сите, особено од нашите сојузници од ЕУ и НАТО нема да ја заборавиме.
Сведоштвата, траумите, личните и семејни загуби кои ги претрпуваат жителите кои се соочија со пламените јазици се потресни, но државата е тука за граѓаните и штетата ќе биде надоместена.
Како орагнизационен секретар на СДСМ Попов рече дека партијата преку надлежните институции со кои раководи се обврзува на тоа државата да ја надомести штетата на граѓаните и нивните имоти, предизвикана од пожарите, како и да ги санира сите последици по животната средина.
„Сите заеднички ќе ја надоместиме штетата во Будинарци, во Умлена, Мачево, Истевник, насекаде и низ целата земја. Солидарното македонско општество, државата е тука за Вас, граѓаните, бидете спокојни.“ рече Мартин Попов, оргаинизациски секретар на СДСМ.
Оранизацискиот секретар Попов се вклучи и во тимот волентери кои помагаат на тимовите кои делуваат на терен, координирани од кризниот штаб, како и на граѓаните на коишто им е потребна помош или одредени неопходни намирници.
Институциите се тука за граѓаните но човечки и солидарно е да се подаде рака и да се помогне секогаш.