Соопштение за јавност
Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров и претседателите на комисиите за финансии и економија, Фатмир Битиќи и Кирил Колемишевски денеска учествуваа на онлјан дискусија „Нова развојна македонска економија“ на која зборуваа за реализацијата на економските мерки за поддршка на граѓаните и економијата за справување со последиците од коронавирусот.
Во своето обраќање, потпретседателот Коста Петров истакна дека од почетокот на здравствено – економската криза предизвикана од КОВИД – 19, СДСМ застана зад ставот дека најважно е брзи и навремени мерки и затоа преземени се три пакети економски мерки кои носат сериозна поддршка и за граѓаните и за компаниите.
Треттиот сет мерки е поразличен од претходните два. Ако првиот сет економски мерки беа насочени кон компаниите кои беа први на удар, а вториот сет мерки насочени кон микро мали и средни компании, се со цел да се сочуваат повеќе работни места, третиот економски пакет е фокусирана на трансформација на македонската економија, посочи Петров.
Претседателот на Комисијата за финансирање, Фатмир Битиќи, се осврна на мерката за помош од 14.500 денари по вработен истакнувајќи дека нејзиното спроведување е успешно, а доказ за тоа е големиот интерес од страна на компаниите.
„Со оваа мерка за месец април поддржани се околу 20.000 компании со околу 130.000 вработени, а поддржани беа и 5.200 самостојни вршители на дејности. Голема заинтересираност постои и за користење на оваа мерка за месец мај.
Заклучно со вчера веќе има 34.000 апликации за оваа мерка, а околу 90 отсто се веќе одобрени, има уште еден и пол ден рок за аплицирање и апелирам оние кои се двоумат да поднесат барање и да ја искористат оваа мерка“, порача Битиќи.
Кирил Колемишевски, претседател на Комисијата за економија зборуваше за домашните платежни картички, процесот на нивна реализација, како и очекувањата за позитивнитеефекти од оваа мерка.
„Фокусот на оваа мерка е опфат на невработените, активни баратели на работа и примателите на гарантирана минимална помош кои ќе добијат парична поддршка од 9.000 денари, вработените лица кои имаат месечни примања помали од 15 илјади денари ќе добијат на домашните платежни картички 3.000 денари исто и младите лица од 16 – 29 години. Средствата од домашната платежна картичка „Купувам домашно“ ќе можат да се потрошат за купување на македонски производи и услуги а со тоа индиректно се помага на домашните компании“, рече Колемишевски.