Соопштение за јавност
Само на тој начин и со почитување на мерките ќе го заштитиме здравјето на граѓаните и ќе се справиме со здравствените предизвици.
Вирусот Ковид 19 е реална појава и затоа никој не смее да ја игнорира оваа закана, бидејќи на тој начин ја загрозува личната и колективната здравствена состојба.
Вирусот е присутен и опасен и само со почитувањето на мерките ќе успееме.
Покажавме дека имаме добра стратегија, ефикасните мерки дадоа резултати, но само заедно со граѓаните и со доследно и постојано почитување на мерките за заштита можеме да успееме.
Општина Дебар е одличен пример за тоа како добра стратегија со почитување на мерките за заштита дава загарантиран успех.
Имавме одлични резултати, здравствениот систем е подготвен, неопходно ни е единство и дисциплина за да успееме.
Затоа, секој мора да ги почитува сите мерки, во целост. Тие се основна алатка за намалување на ширењето на заразата. Онаму каде има добри резултати, тоа е така затоа што се почитуваат мерките и препораките на здравствените власти.
А овој викенд, сите да останеме дома, со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој.
Упатуваме голема поддршка до сите здравствени работници кои се столбот во овие клучни моменти, но и до сите граѓани кои ги почитуваат мерките и се грижат за личното и јавното здравје.
Само ако сме обединети ќе го надминеме овој предизвик.