fbpx

Колемишевски: Домашната платежна картичка „Купувам домашно“ има за цел да даде директна финансиска поддршка за повеќе категории граѓани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

На денешната онлајн дискусија на тема „Нова развојна македонска економија“, зборуваше и претседателот на Комисијата за економија, Кирил Колемишевски.

Тој истакна дека во моментов се спроведува третиот пакет економски мерки во вредност од 355 милиони евра, наменет за 730.000 корисници.

Како дел од овој трет пакет економски мерки, е платежната картичка која има за цел да даде директна финансиска поддршка за повеќе категории граѓани.

Фокусот на оваа мерка е опфат на невработените, активни баратели на работа и примателите на гарантирана минимална помош кои ќе добијат парична поддршка од 9.000 денари, вработените лица кои имаат месечни примања помали од 15 илјади денари ќе добијат на домашните платежни картички 3.000 денари исто и младите лица од 16 – 29 години.

Средствата од домашната платежна картичка „Купувам домашно“ ќе можат да се потрошат за купување на македонски производи и услуги а со тоа индиректно се помага на домашните компании, рече Колемишевски.

Тој додаде дека младите покрај паричната помош од 3.000 денари на домашната платежна картичка ќе добијат и 6.000 денари за покривање на трошоците за сместување или партиципација како помош во нивото образование. Дополнително, околу 7 до 10 илјади млади добиваат и ваучери за кофинансирање за стекнување на ит вештини, обуки, тренинзи и курсеви, кои ќе посетуваат академии за вакви вештини, со цел полесно да најдат работа и бидат поконкурентни на пазарот на трудот.

„Процесот за добивање на платежната картичка „Купувам домашно“ ќе е едноставен, без апликација од страна на граѓаните“, рече Колемишевски.

Издавањето на платежната картичка ќе биде од 3 јули со рок за искористување до 31 јули. Овие пари може да се користат во ресторани, кафитерии, зелени пазари, аптеки, он лајн продавници, секаде каде има безготовинско плаќање. Намената е само за домашни производи и услуги, со цел подршка на нашите компании.

Колемишевски на крај им порача на компаниите да го согледаат ова како шанса да го модернизираат своето работење, преку воведување на нови технологии.

Компании во светот кои ја сфатиле новата реалност, веќе бележат раст и истите во криза генерираат профити повеќе од порано.

„Оваа криза да ја искористиме како шанса од која ќе излеземе со реформирани и осовремени компании конкурентни во регионот и интернационално. Заедно ќе излеземе посилни од ова“ -заврши Колемишевски.

 

Последни вести