fbpx

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ загубени во деструкцијата против образованието и наставниците не знаат дека учебната година почнува на 1 септември

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ загубени во своите деструкции против образованието и против поголеми плати за наставниците не знаат дека учебната година почнува на 1 септември.

Од својата фабрика за лаги ќе треба да измислат нови невистини.

Учебната година започнува во услови на пандемија преку пристап кој обезбедува безбедно и непречено одвивање на наставата, но и заштита на јавното здравје.

Досега е имунизиран 60% од наставниот кадар.

Разработени се три сценарија а изборот на едно од трите сценарија зависи исклучиво од епидемиолошката состојба за што одлука ќе донесе Комисијата за заштита од заразни болести.

Протоколите за постапување на основните и средните училишта пред повеќе од 1 месец беа усвоени од страна на Владата и веднаш доставени до сите училишта.

Повеќе од сигурно е дека ВМРО-ДПМНЕ се против образованието, бидејќи преку своите пратеници ги кочат измените кои носат можности за покачување на платите на наставниците.

Блокадите и лагите не се политика. Време е ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и да престанат да му наштетуваат на образованието и на целата држава.

Последни вести