fbpx

Дали за Мицкоски се убијци докторите и медицинскиот персонал кои го лекуваа додека тој беше заразен од КОВИД-19

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски стои зад организацијата на срамните протести на кои здравствените работници беа наречени „убијци“.

Дали за Мицкоски убијци се докторите и медицинскиот персонал кои го лекуваа додека беше заразен со Ковид-19?

Дали за него убијци се оние кои повеќе од една година се на првата линија на фронтот давајќи се од себе во борбата против коронавирусот?

Наместо да повика на масовна вакцинација, Мицкоски поттикнува протести на кои се напаѓаат здравствените работници и се загрозува јавното здравје.

Токму поради ваквото нечесно, несериозно делување кое претставува опасност по јавното здравје, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одново ќе бидат казнети од граѓаните на следните избори.

Последни вести