fbpx

Учебната година на први септември ќе започне со физичко присуство, ВМРО–ДПМНЕ да престане да ги вознемирува граѓаните со лажни вести

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Наместо да се занимаваат со креирање лажни вести и создавање несигурност кај граѓаните по однос на подготвеноста на институциите на системот и училиштата за организацијата на учебната година, би било добро ВМРО – ДПМНЕ конечно да покаже капацитет и да се вклучи во процесите во интерес на учениците и обезбедувањето на непречена едукација во услови на пандемија.

Ако барем ги читаат вистинските информации и официјалните соопштенија ќе знаеја дека Владата веќе има одлука за старт на учебната година со физичко присуство во основните и средните училишта од први септември, за што има здравствени протоколи, а училиштата ги прават последните подготовки.

Ќе знаеа и дека од 1 септември започнува имплементацијата на реформите во основно образование а учениците од прво и четврто одделение ќе учат по нови програми од нови современи учебници.

Ако барем малку беа заинтересирани за образованието, наместо за лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ ќе знаеа и дека образовниот систем е подготвен за настава во услови на пандемија уште во јули со три сценарија, кои веднаш може да се применуваат според епидемиолошката состојба.

ВМРО -ДПМНЕ имаа можност да работат во интерес на учениците, наставниците и родителите и да ги одблокираат процесите за усвојување на низа нови законски решенија во Собранието кои се врзани со обезбедувањето на подобар квалитет на воспитно – образовниот процес во државата.

Но тие покажуваат само деструкција на штета на образованиот систем.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на паушалните соопштенија кои секојдневно ги продуцира центарот за лажни вести на оваа политичка партија и да се водат по официјалните информации кои транспарентно и на дневна основа ги објавуваат надлежните институции предводени од Министерството за образование и наука.

Последни вести