Соопштение за јавност
Потпретседателот Оливер Спасовски вечерва беше на маалска средба со граѓаните на Охрид.
На средбата Спасовски со охриѓани разговараше за повеќе актуелни теми на локално и на централно ниво и се осврна на претстојните локални избори.
– СДСМ и на овие локални избори е изразит фаворит, и овде во Охрид но и низ целата држава. Тоа го покажуваат сите релевантни анкети кои покажуваат дека ја имаме довербата од граѓаните, а довербата ја имаме затоа што сработевме многу во овие четири години, затоа што ја имаме најдобрата кадровска и програмска понуда која граѓаните ја препознаваат, посочи Спасовски.
Осврнувајќи се на Охрид, Спасовски потенцираше дека само со Константин Георгиевски може да продолжи развојот на Охрид, може да продолжи грижата за светското културно наследство на Охрид и Охридскиот регион.
– Со Георгиевски СДСМ во Охрид е сигурен победник. Охриѓани знаат дека само со него и со СДСМ е можно да продолжи развојот на Охрид, да продолжи реализацијата на мерките што значат реализација на препораките на УНЕСКО. Со Георгиевски ќе продолжиме да инвестираме во Охрид да решаваме клучни потреби и барања кои се во интерес на вас граѓаните, заклучи потпретседателот Спасовски.