Соопштение за јавност
Сите анализи, анкети, резултати на истражувањата на јавното мислење покажуваат дека СДСМ со својата коалиција е фаворит на овие локални избори и тоа секој еден може да го виде во тие истражувања, , истакна потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија.
Апсолутно очекувам дека со најдобрата понуда која што ја имаме и во делот на кандидати, советнички листи и програмата, како и коалициониот потенцијал кој што го има коалицијата предводена од СДСМ, сето тоа укажува на победа на претстојните локални избори, нагласи Спасовски.
Тој додаде дека партијата многу внимателно се подготвува за секоја општина, одделно, во смисла избор на кандидати, избори на кандидати за советници, добра програма која што ќе одговори на сите предизвици кои што ги имаме.
Ние кога ја преземавме одговорноста за владеење во Република Северна Македонија ја преземавме на неколку принципи, едниот принцип беше да ја градиме Северна Македонија како општество еднакво за сите, тоа значи да имаме еднакви можности за секој еден човек. Без разлика на национална, верска, политичка припадност. Без разлика дали живеат во некој голем или помал град и од тој аспект ние имаме таков пристап и за овие локални избори, значи нема неважна општина за СДСМ и за коалицијата, така да се подготвуваме за максимално добри резултати, подвлече потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски.