fbpx

Шилегов во Карпош: Граѓаните го препознаваат најдоброто, новите проекти ги дефинираме заедно со нив

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Маалските средби вечерва продолжија во Карпош каде што градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев и новиот кандидат за градоначалник Душко Весковски се сретнаа со жителите на Лептокарија и Тафталиџе во оваа скопска општина.

Осврнувајќи се на досегашниот период, Шилегов додаде дека Карпош е една од најразвиените скопски општини.

– Реконструиравме дел од булеварите 8-ми септември и Партизанска и целосно ги реконструиравме улиците Лондонска, Љубљанска, Московска, Брадфордска, Никола Парапунов и Ацо Шопов. Започнавме со изградба на мост на Љубљанска кој ќе ја поврзе оваа улица со ул. Скупи, изградба на клучката кај Момин поток, а деновиве го распишуваме тендерот за изведба на клучката кај бул. Словенија , посочи Шилегов.

Во овој дел од градот ги реконструиравме средните училишта Георги Димитров, Никола Карев, Орце Николов, Лазар Танев и Здравко Цветковски, а обезбедивме и прочистувачи за воздух за секоја училница, додава Шилегов.

Во делот на градското зеленило, Шилегов потенцираше дека во Карпош подигнати се над 43.000 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени над 2,300 садници. Општина Карпош е побогата за два нови урбани скверови со повеќе зеленило и содржини за одмор и релаксација, еден кај објектот на Пожарната во Тафталиџе, а другиот во близина на гимназијата Орце Николов.

– И на овие локални избори СДСМ ќе излезе со чесна понуда која што ќе го содржи најдоброто за Карпош. Затоа како и досега и на овие избори СДСМ е убедлив фаворит далеку пред останатите политички конкуренти. Само со СДСМ е сигурен локалниот и регионалниот развој, само со СДСМ е сигурен напредокот, посочи Шилегов.

СДСМ заедно со граѓаните преку овие маалски средби создава понуда, најдобра за секоја општина, за секој град.

Последни вести