Соопштение за јавност
Како партија, но и како Влада и како држава ги урнавме бариерите коишто постоеја во минатото. Едно општество за сите не беше само флоскула на митинзи, туку тоа и го спроведовме. И со законски решенија и со конкретни политики и со начинот на којшто се однесуваме, нагласи потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски во емисијата „Патот кон“.
„СДСМ е партија којашто е репрезент на сите етнички заедници во држава. Имаме и функционери на високи позиции во партијата од сите етнички заедници. Денеска имаме нова атмосфера, кога граѓаните се повеќе се занимаваат со условите за живот, со инфраструктурни проблеми, а не со етничките прашања. За жал само реториката на ВМРО-ДПМНЕ не е сменета. Здравствената криза, на некој начин, ги обедини граѓаните не гледаме етничка припадност на заразените . Сите не погоди оваа криза, го делиме животот заедно“, оцени Манчевски.