fbpx

ВМРО-ДПМНЕ да не тера дневна политика со образованието, да ги повика граѓаните да се вакцинираат и да ги почитуваат мерките

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ

На првиот ден од учебната година, наместо да им честитаат на учениците и наставниците и да им посакаат успех во наставниот процес, од ВМРО-ДПМНЕ тераат дневна политика манипулирајќи ја јавноста.

Очигледно е дека во опозициската партија знаат само да наштетуваат на се што е во интерес на граѓаните.

Училиштата ги имаат сите ресурси за започнување на настава со физичко присуство, а како што информираа и од Министерство за образование и наука, тие се подготвени за уште две сценарија односно префрлување хибриден систем како што беше минатата учебна година, односно дел од учениците во училница дел преку онлајн учење од дистанца, или целосно онлајн учење.

Настава со физичко присуство се препорака и на Светската здравствена организација и УНИЦЕФ.

Во период кога тече масовна имунизација против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност и да повика на масовна вакцинација, а не преку конструкции и невистини неосновано да напаѓа и да се обидува да внесе вознемиреност во јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ за жал, и натаму останува на спротивната страна од интересите на граѓаните, интересите на наставниците и учениците.

Последни вести