fbpx

И кадарот на Груевски бега од губитничкиот менталитет ВМРО-ДПМНЕ – Арсовска глуми независност со потписите на членовите на партијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Десната рака на бегалецот Никола Груевски, Данела Арсовска влегува во изборната трка како независен кандидат, иако членовите на ВМРО-ДПМНЕ по социјалните мрежи повикуваат да се соберат потписите за кандидатурата. Свесни дека следи нов пораз во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ не застана официјално зад кадарот на Груевски, а обидот за глума на Христијан Мицкоски е препознаен во јавноста. Арсовска, која е партиски донатор и почесен конзул на Унгарија во земјава, повеќепати застанала зад политиките на ВМРО-ДПМНЕ, а партијата која сега е предводена од Мицкоски никако не успева, дури и привидно, да се одлепи од режимските политики на Никола Груевски.

Се повеќе кандидати кои Мицкоски ги промовира се во тесна релација со неговиот ментор од Будимпешта, но очигледно е и дека не се стави крај на деструктивната политика која ја водеше Никола Груевски. По неговите стапки, Мицкоски продолжува да ги блокира сите закони од интерес на граѓаните, се обидува да ја попречи евроатлантската интеграција на земјава, а во понудата на партијата не се има променето ништо. Ваквиот трик со „независните“ кандидати ќе го чини ВМРО-ДПМНЕ нов изборен пораз и покрај тоа што Мицкоски наводно тврди дека раскинал со почесниот претседател на партијата, Груевски.

Последни вести