Соопштение за јавност
Заменик претседателката Сања Лукаревска, заедно со кандидатот за градоначалник на општина Аеродром Александар Филиповски и претседателката на ОО СДСМ Аеродром Љубица Јанчева присуствуваа на маалска средба со граѓаните од населба Аеродром каде разговараа за остварените проекти за оваа општина како и за политиките кои носат напредок и развој на државата.
Пред присутните Лукаревска посочи дека како партија во континуитет сме со граѓаните, ги презентираме досега сработените проекти, но и да го слушнеме гласот на граѓаните, нивните барања, потреби и сугестии. Токму поради ваквиот пристап на СДСМ го нудиме најдоброто за секоја општина, за секое маало и поради тоа сме апсолутни фаворити овде во Аеродорм, но и во сите општини каде имаме свој кандидат.
„За 4 години направивме видливи и реални проекти и овде во Аеродром и низ целната држава, разликата помеѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ е јасна и видлива, за само 4 години изградивме и реконструиравме 60 градинки, ја зголемивме просечната нето плата за 6.553 денари, а минималната плата од 9.000 денари во 2017 година, денес таа изнесува 15.200 денари, ние градиме едно општество за сите, а ВМРО-ДПМНЕ нуди враќање во темното минато на поделби и режимско владеење“, посочи Лукаревска на маалската средба во населба Аеродром.
Кандидатот за градоначалник на општина Аеродорм пред своите сограѓани вети многу повеќе зелени површини, инвестирање во нови системи за наводнување, маалски паркови, како и развивање на патната инфраструктура. „Ќе продолжиме со субвенционирање на системите за греење, но и ќе развиваме програми за почист воздух во нашата општина, исто така ќе создадеме отворена и транспарентна општина која ќе биде вистински сервис за граѓаните“, рече Филиповски.
СДСМ постојано е помеѓу граѓаните, продолжуваме и понатаму да го слушаме вашиот глас и да ги чуеме вашите барања, токму затоа ја креираме програмата која го нуди најдоброто за секоја општина.