Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ се вознемири и одново си го покажа вистинското лице.
Вистината ги боли, па се обидоа да ја прелепат, како што го прелепија и билбордот во Општина Аеродром.
Мицкоски никако да научи дека нема бегање од вистината, таа не може да се „прелепи“.
Наместо да продава евтин популизам, Мицкоски да излезе пред граѓаните и јасно да ги повика на вакцинација и почитување на мерките, во интерес на нивното сопствено и колективно здравје.
На почетокот на август на својата Фејсбук страница Мицкоски објави дека веќе бил вакциниран.
Но, пред неколку дена, јавно на телевизија кажа дека се вакцинирал еден ден претходно. Затоа што бил „лимитиран“ и не можел да оди по кафеани.
Прашањето е сега кога Мицкоски се вакцинирал, на почетокот на август или во вторникот, на 31 август?
Очигледно државата со мерките го убеди антиваксерот Мицкоски да се вакцинира.
Ова крунско признание од лидерот на најголемата опозициска партија е доказ дека мерките на државата функционираат.