fbpx

ВМРО-ДПМНЕ сака да ја поткопа независната истрага за пожарот, срамен е нивниот обид за политизација на трагедијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека е државата во тага, ВМРО-ДПМНЕ сака да ја поткопа независната, непристрасна, објективна и ефикасна истрага за пожарот во модуларната болница во Тетово, која ќе даде одговори за се.

Предизборна политизација на трагедијата е очајнички обид на ВМРО-ДПМНЕ да покрие тоа што нема понуда и знае дека и следи пораз.

Нема да дозволиме лагите, некрофилноста на ВМРО-ДПМНЕ да влијаат врз истрагата.

Институциите имаат стручност и капацитет да спроведат темелна и ефикасна истрага.

Вклучувањето на странски експерти во откривањето на причините за пожарот е дополнителна потврда за непристрасност во постапката.

Јавноста навремено ќе биде запознаена со секоја запирка и точка од извештајот на истрагата и дејствијата кои се преземаат, никој нема да биде изземен од одговорност ако истрагата тоа го утврди.

Последни вести