Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ
Денеска Христијан Мицкоски повторно покажа две работи, на маката, на националната трагедија сака да профитира за себе, и второ дека не разбира политика ниту право.
Предлогот на Мицкоски е голо политиканство и очаен обид да се напаѓа неосновано.
Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување Собранието одлучува на наредната седница.
На Мицкоски очигледно не му кажале каква се процедурите за поставување и разрешување министри, па затоа денеска излегува со смешни ултиматуми и предлози кои немаат никаква правна основа.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неодговорно, се ситат на несреќи, а денеска излегуваат со несериозни и правно неписмени предлози.
Сето тоа е доказ за очајот во кој е западнат бидејќи знае дека го чека нов пораз на изборите.