fbpx

Тешко лицемерие е ВМРО-ДПМНЕ чиј почесен претседател е осуденик во бегство, да зборува за правда и борба против криминалот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нема поголемо лицемерие од тоа партија чиј почесен лидер е избеган криминалец да зборува за криминал

ВМРО-ДПМНЕ е една од најкриминалните партии во Европа за чии функционери и имот се водат повеќе постапки, а сите политички постапки им се само за спас на криминалците во своите редови.

Ништо не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е заштитник на криминалот и корупцијата, а СДСМ е посветена на обезбедување бескомпримисна правда за сите, законот важи за сите подеднакво, а секој што се огрешил пред законот ќе одговара.

По спроведените реформи, денес правосудството ги има сите услови за професионално и непристрасно одлучување, нема повеќе поставување судии од тефтерчето и нарачка на пресуди по телефон.

Судството е ослободено е од какви било влијанија на извршната власт, а органите на прогонот постапуваат неселективно, без разлика за кого станува збор.

Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е на браникот на криминалот, а СДСМ гради правна држава, во која законите важат еднакво за сите.

Последни вести