fbpx

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, партијата на Мицкоски знае само да работи против интересите на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е партија во која нема никаква промена, која знае само за блокади, деструкции и лажни вести.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски постојано работат спротивно од интересите на граѓаните и државата, водејќи се единствено од лични дневно партиски интереси.

Опозициската партија поттикнуваше кршење на мерките за заштита од коронавирусот, поддржуваше антиваксерски протести, се противеше на мерките за помош на граѓаните и стопанството и се уште ја кочи изградбата на новиот Клинички центар.

Тоа е потврда за нивното антидржавно однесување кое одамна е препознаено од граѓаните.

Со таквиот однос, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува нов, седми пораз од граѓаните на следните локални избори.

Последни вести