Опозициската ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политиките на поделба, останато наследство од владеењето на Никола Груевски. Овој пат тие организираа паралелна прослава за Денот на независноста, наместо да се приклучат на централната држава прослава.
Тие се одлучија да ја игнорираат државната прослава за јубилејните 30 години независност, па организираа партиска прослава во Битола.
Ваквата одлука на опозициската партија беше критикувана дури и од еден од говорниците на нивната приватна прослава, ексамбасадорот Мартин Треневски.
„Овој ден е ден кој што треба да обединува без разлика кој на што припаѓа, партиски или идеолошки. Во оваа земја некои луѓе треба да се освестат, да се опаметиме бидејќи заканите за опстанок и како нација и како држава се премногу големи. Да се радуваме на овој ден и нека не освести затоа што ние немаме алтернативна татковина, оваа Македонија е единствено што ни остана и мораме сите да дадеме максимум за да си ја сочуваме, а ќе ја сочуваме ако имаме разбирање и толеранција едни кон други, а не едни да се собираат во Битола, други во Скопје“ рече Тренески.
Ова не е прв пат ВМРО-ДПМНЕ да не учествува на централните прослави на најголемите државни празници, откако истото го стори и за 2 Август. Со тоа, Мицкоски ги продолжува политиките на неговиот ментор Никола Груевски да ја продлабочува поделбата во општеството.