Соопштение за јавност-реакција на прес-конференцијата на Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ не престанува да го политизира трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, очајно обидувајќи се да спечали некаков политички поен.
Вчера целата јавност на дело виде како Христијан Мицкоски се обидува на подмолен начин, без трошка совест, да ги злоупотребува чувствата на семејствата на трагично загинатите за политички цели.
Денеска од белиот дворец повторно со политикантство се обидуваат да профитираат и тоа додека трае истрагата која треба да ги даде сите одговори поврзани со пожарот.
И сето ова ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не го прават затоа што се загрижени, затоа што им е жал за загубата на човечки животи, туку затоа што бескрупулозно се борат за гола власт.
На Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ до толку не им е ништо друго битно што се подготвени да тргуваат со човечки судбини, да трампаат загубени души за гласови. Ете до толку се очајни во белиот дворец.
Ваквото некрофилско, неодговорно и деструктивно однесување одново ќе биде казнето од страна на граѓаните, затоа што тие знаат дека на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ништо не им е важно освен нивните лични интереси.