fbpx

Исплашени од убедливиот пораз во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ ги надградува сопствените конструкции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

Исплашени од извесниот пораз кој ќе им го понесе Данела Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири невистини и да ги надградува сопствените конструкции за градоначалникот Петре Шилегов.

ВМРО-ДПМНЕ може колку сака да мафта со нецелосни документи, неосновано да упатува обвинувања за наводна корупција, да врши притисоци врз обвинителството, но ништо нема да ги спаси од силниот пораз кој ги очекува и на овие изборите, како во Град Скопје, така и во Карпош, така и во најголем број од општините.

Засилените конструкции и измислици од страна на ВМРО-ДПМНЕ само покажуваат дека оваа партија нема никаков план, идеја, концепт кој носи подобар живот за скопјани и модернизација на град Скопје.

И во Белиот дворец им е јасно дека Данела Арсовска е препознаена од граѓаните како кадар на Груевски, дека нема никаква шанса, па затоа се што им преостанува е да шират лажни вести, неосновани напади и конструкции во очаен обид да успеат да го ублажат поразот.

Граѓаните гледаат дека понудата на Мицкоски за овие избори се стари истрошени кадри на бегалецот во Будимпешта и лица осомничени и осудени за сторени кривични дела и токму затоа, ВМРО-ДПМНЕ, свесни за реалната состојба, не им останува ништо освен да конструираат лаги и дезинформации за да го ублажат поразот на изборите.

Последни вести