fbpx

Заев за ТВ Сител: Економски мерки опфаќаат над 730.000 граѓани, ја рестартираме економијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Трите пакети економски мерки што ги обезбедивме опфаќаат над 730.000 граѓани. Тоа се повеќе од 320.000 семејства. Ја надминуваме економската криза и обезбедуваме заживување, рестартирање на македонската економија и нејзина трансформација, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев во денешното интервју за ТВ Сител.

-Сите три пакети мерки опфаќаат 730 илјади граѓани, тое се повеќе од 320 илјади семејства. Овој пакет на мерки има многу широк опфат, навремено е испорачан, и има за цел поддршка на економијата и на фирмите, помош на ранливите, сиромашните, на оние граѓани на кои помошта им е неопходна.

Платежната картичка е исто така дел од третиот пакет мерки, која овозможува  директна помош од 150 евра кои во рок од 30 дена треба да ги потрошат на домашни произвори или ваучерот за домашен туризам., рече претседателот Заев.  
Од мерките за стопанството, претседателот Заев ја издвои директната поддршка на неповратни пари за фирмите.

-Има огромен пакет за стопанството каде што ќе се вложат 25 милиони евра директни неповрати пари за фирмите, обезбедени се 31 милион евра бескаматни кредити за микро и мали претпријатија, 125 милиони евра за поддршка на кредити за сите компании, како и дополнителни 30 милиони евра поддршка за вработување на млади, жени менаџери, иновации“, нагласи претседателот Заев и додаде дека  поддршката на економијата и зачувување  на работните места  на граѓаните е обезбедена со првите два пакети, а последните мерки се насочени заживување и рестарт на економијата.

Вкупната вредност на трите пакети економски мерки на Владата предводена од СДСМ досега изнесува 550 милиони евра што е 5,5% од БДП.

Последни вести