Соопштение за јавност
„Со сето она што го реализиравме досега, но и со програмската и кадровската понуда со која настапуваме гарантираме дека со СДСМ и Најдоброто продолжуваме напред“, порача вечерва од трибината во Струмица претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
„Ќе победиме пак во Струмица, почитувани струмичани, бидејќи Струмица го заслужува Најдоброто. Ќе победиме пак и на ниво на државата, почитувани граѓани, бидејќи Република Северна Македонија го заслужува Најдоброто. Ти, вие, ние, секој од нас го заслужува „Најдоброто“ порача Заев.
Заев ги повика граѓаните на 17 октомври да направат споредба на концептите и понудите, да направат разлика и да дадат поддршка на СДСМ и Коалицијата.
„Ве повикувам да направите споредба и разлика. Изберете ја најдобрата понуда за вас, за вашето семејство, за вашето место. Изберете го најдобриот градоначалник! За Најдоброто за Струмица – Костадин Костадинов! Да гласаме за Најдоброто за нашата татковина! Не седиме дома, не дозволуваме да се врати режимот – заокружуваме 12! 12 за Најдоброто за сите!“, повика претседателот Заев пред граѓаните во Струмица.