Соопштение за јавност
„Во понудата покрај програмата мора да имате квалитетни луѓе, што се посветени, работат и го сакаат својот град“, истакна пред кумановчани потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, кој додаде дека кандидатот Оливер Илиевски е иден градоначалник и како човек е чесен, достоинствен, комуникативен и многу вреден.
„Ако не ги знаете проблемите на граѓаните, не можете да направите програма. Мора да го познавате градот и како дише секој дел од градот, ако сакате проблемот вистински да биде решен. СДСМ преку Владата реконструираше патишта кои не биле чепнати по 50 години. Изминатата година нашите тимови беа во сите населени места за да ги согледаме работите и да ги предлагаме на Советот на општината. Денеска СДСМ има само еден кандидат во Куманово а тоа е Оливер Илиевски“, порача Спасовски.
https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/244121164200949/