fbpx

Николов: И советничката листа ќе работи за „Најдоброто“ на Велес

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Носителот на кандидатската листа за советници за Општина Велес на СДСМ и Коалицијата Марјанчо Николов, истакна дека заедно со кандидатот за градоначалник ќе го донесат „Најдоброто“, за Велес да биде најдобро место за живеење во државата.

„Советничка листа е со родова застапеност 50/50, застапен е и концептот „Едно општество за сите“, со претставници од бошњачката, албанската и турската заедница“, порача Николов.

Тој вечерва во Велес ги повика граѓаните на 17 октомври да гласаат за СДСМ и Коалицијата.

„Излезете и гласајте за број 12, за 12 советници во Советот на општина Велес, за да му помогнеме на градоначалникот Коциќ да ја реализира својата програма, за „Најдоброто“ за Велес“, порача носителот на кандидатската листа за советници за Општина Велес на СДСМ и Коалицијата Марјанчо Николов.

Последни вести