fbpx

Заев: Со третиот пакет економски мерки директно внесуваме 500 милиони евра за јакнење на приватната и јавна потрошувачка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Со новиот, трет пакет економски мерки димензионираме дополнителни над 500 милиони евра помош за граѓаните, за нашата економија, на тие мерки работеа многу луѓе, меѓу кои и јас и сега е на Владата да пресече и да ја утврди неговата реализација, потенцира претседателот Зоран Заев во гостувањето на Топ Тема на Телевизија Телма.

„Новиот пакет има три димензии. Првата е да ја стимулираме приватната потрошувачка. Ќе насочиме средства директно кон граѓаните, точно кон одредени категории граѓании за да ги потрошат тие пари, со што ќе купуваат домашни производи, ќе посетат домашни туристички капацитети и тоа треба да се случи летово. Зборуваме за износ од десетици па и до 100 милиони евра, зависи од буџетските можности и одлуката на Владата“ посочи Заев.

Втората димензија, додаде Заев е насочена кон јавната потрошувачка.

„Ќе стартуваат проекти кои беа планирани за 2021 или 2022 година. Се работи за водоводи, патишта, канализации, гасификацијата, железници, училишта и градинки. Се за што има проект ќе се стави на лента и на тој начин ќе го активираме градежништвото, а тоа носи и придвижува 72 други гранки со него, посочи претседателот Заев.

Во однос на третата димензија, претседателот Заев истакна дека таа се однесува на компаративната предност на македонската економија. Можеме многу да смениме од ова криза, да ги унапредиме ИТ секторот и дигитализацијата, да го унапредиме земјоделството преку градење на откупни пунктови, нови дејсности и одгледување на нови култури кои имаат побарувачка на пазарот.

Претседателот Заев посочи дека на тој начин, преку пуштање на пари во оптек граѓаните ќе ја помогнат домашната економија.

„Ова ќе биде сериозен придонес за економијата. Овој пакет мерки, трет пакет, до крајот на годината ќе внесе 500 милиони евра во економијата, со средствата од првиот и вториот пакет тоа е околу 1 милијарда евра, што е околу 10 отсто од брутодомашниот производ“, заклучи Заев.

Последни вести