Соопштение за јавност
Ние се грижиме за рударите – тие ги игнорираа. Имав можност да се сретнам со пензионирани рудари, овде во Паркот на рударите и убаво
е да се види како си ги шетаат внучињата. Беа со години онеправдени – ние им ја намаливме старосната граница за пензионирање од 58 години на 50 години.
Ние ги враќаме парите кај граѓаните – тие крадат. Го зголемивме растот на платите за три пати. ВМРО-ДПМНЕ отпушташе луѓе за искажан став и газеше по нивното достоинство. Тие тоа го прават дури и од опозиција. Ние ги покачуваме платите на здравствените работници. А од ВМРО-ДПМНЕ се слушна употреба на ужасен термин „убијци“ – за луѓето кои во време на пандемија, деноноќно работат да спасат животи!
Ние ја обновивме евтината тарифа на струјата и со повратот на ДДВ милиони евра с слеваат во семејните буџети. ВМРО-ДПМНЕ ја покачи струјата за 100 проценти и милиони евра наводно за врби и барок, стави во своите џебови.
Со СДСМ сите се на сигурно – и граѓаните и државата. Денес сме светол пример на Балканот, пријатели со соседите, со НАТО и ЕУ перспективи.
Со ВМРО-ДПМНЕ сите се во опасност. Државата во изолација. Граѓаните уценети. Нашите кандидати за градоначалници и советници се проевопска понуда за модерните развојни текови. Голем дел од кадрите на ВМРО-ДПМНЕ биле дел од централната или локалната власт во времето на режимот на Груевски.
Затоа на 17 октомври ве повикувам – СПОРЕДЕТЕ. НАПРАВЕТЕ РАЗЛИКА. ОДЛУЧЕТЕ. ИЗБЕРЕТЕ ГО НАЈДОБРОТО.