fbpx

Злоупотребувањето на немилите настани е вообичаена пракса на ВМРО-ДПМНЕ која за нивна жал нема да им помине кај граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

 

ВМРО-ДПМНЕ ниту бираат средства ниту начин на кој пробуваат да соберат некој ситен политички поен испаничени поради силниот пораз на локалните избори.
Овојпат безидејната ВМРО-ДПМНЕ го искористи скандалот со сексуално образование и покажа дека нема основно чувство на почит и разбирање кон загрозените родители и ученици кои се наоѓааат во тешки моменти.
Градоначалникот Шилегов  и Град Скопје обезбедуваат финансиска поддршка на многу манифестации и проекти од различни области, но на никој начин не се вклучени во организација  на тие проекти. По вчерашната објава по итна постапка е прекинато финансирањето на споменатиот извиднички одред и со тоа падна во вода уште едно во низата лажни обвиненија насочени кон градоначалникот Шилегов.
Иституциите на правдата ќе направат истрага, денес законот важи за сите, но срамот и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ ќе останат како сенка која се обидува да ја затемни светлата визија, правда, борба за поубаво Скопје на градоначалникот Шилегов.
ВМРО-ДПМНЕ до ден денеска не сфаќа дека кај граѓаните повеќе не поминуваат нивните финти за дневни политички поени.
Граѓаните денес сакаат резултати, сакаат да го видат најдоброто кое е возможно само со најдобрите, со СДСМ.
Последни вести