Соопштение за јавност
СДСМ од почетокот на пандемијата со коронавирусот одговорно и посветено креира и реализира мерки за помош на граѓаните и компаниите соочени со екомските последици од кризата.
Со оваа кредитна линија се поддржани 738 компании од најзагрозените сектори – угостителство, туризам и сообраќај, со 6.524 вработени.
Просечен износ на даден кредит од оваа линија е 7.500 евра, а вкупниот износ на доделени кредити изнесува 5,54 милиони евра.
На фирмите од сите сектори им стои на располагање и втората линија бескаматни кредити од 8 милиони евра, за која веќе се пријавиле над 2.400 компании.
Додека овие мерки се реализираат, СДСМ работи на нов пакет мерки за директна поддршка на граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка.
СДСМ посветено ќе продолжи со поддршката за фирмите и за зачувување на работните места, за економијата брзо да се интензивира кога ќе заврши кризата.