Соопштение за јавност
Мицкоски е фатен жив во неговите лаги. Потопени се сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за случајот познат како „Рекет“.
Објавени снимки потврдија дека Христијан Мицкоски имал средби и директна соработка со Зоран Милески Кичеец, сега веќе осуден за „Рекет“.
Мицкоски лично го ангажирал Кичеец за изборни цели за претседателските и локалните избори во Охрид во 2019 година.
Сега останува Христијан Мицкоски да се пријави во истражниот затвор во Шутка, како што самиот јавно, во едно интервју рече дека сам ќе се пријавел во затворот Шутка ако се објави доказ дека тој имал нешто со Кичеец.