Соопштение за јавност
Демократскиот напредок на државата потврден и во најновиот извештај на Фридом Хаус, доказ за заложбите и успешните политики на СДСМ
Напорите на СДСМ за градење демократско општество, со почитување на новинарските права и слободи се препознаени и од страна на релеватни меѓународни организации.
Најновиот извештај на меѓународната организација Фридом хаус за 2020 година „Држави во транзиција“ покажува дека нашата држава бележи значителен напредок особено во критериумите „изборен процес“ и „независни медиуми“.
При тоа, оценката за нашата земја е 3,75 и ова е трета година по ред да се подобрува демократскиот напредок.
Во извештајот на „Фридом Хаус“ е евидентиран напредок во медиумскиот сектор, чија што независност годинава е оценета со 3,5. Оваа година највисока оценка од 4,75 има добиено граѓанското општество во земјава, изборен процес е оценет со 4,25, управување од локалните власти 4,00.
Тоа е уште една потврда за успешноста на политиките на СДСМ, за слободата и демократијата која денес ја имаме и живееме.
И во претходниот извештај на Фридом Хаус Северна Македонија имаше позитивна оценка во однос на напредокот во слободите и демократијата. Имено, оценка од 63 поени од максимално можни 100, што е подобрување за 4 поени во споредба со минатогодишниот извештај. Ова зголемување е најголемо во Европа и е четврто најдобро во споредба со сите држави во светот.
Нашата држава беше меѓу државите со изборни процеси во 2019 година држава во која што се зголемила либералната демократија. А беше нотирано и дека „Северна Македонија одржа претседателски избори со добар натпревар меѓу кандидатите“.
Напорите и вложувањата на Социјалдемократскиоот сојуз за напредок и унапредување на институциите , граѓанскиот сектор и воопшто целото општество се потврдија.
СДСМ била и останува партијата која отсекогаш се залагала и ќе се залага за поголема слобода ,права и владеење на демократијата.