Соопштение за јавност
Пандемијата на коронавирусот нема да ги запре инфраструктурните градежни активности во Скопје што ги споведуваат градските власти, предводени од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов, туку напротив, тие ќе продолжат со исто или засилено темпо.
Веќе наредната недела во употреба ќе биде пуштен булеварот Христијан Тодоровски Карпош, преку кој од центарот на градот до обиколницата се стигнува за 15 минути.
Планирана е изградба и реконструкција на градските сообраќајници во вредност од 760 милиони денари, во тековната и наредната година, бидејќи градскиот буџет е стабилен и благодарение на домаќинското работење има одлични финансиски резултати.
Со засилено темпо, со рекордно кратки рокови, во сите 10 скопски општини, во тек е изградба и реконструкција на дваесетина сообраќајници.
Ова го правиме со цел да ослободиме повеќе пари во економијата инвестирајќи најмногу во домашниот градежен сектор кој има голем број вработени, за да ги сочуваме сите работни места во градежништвото.
На тој начин СДСМ преку локалните власти што ги предводи, директно придонесува за намалување на економската криза, не само во главниот град, туку и во целата држава.